Се будите во климатизирана, удобна соба во хотел*****. Скокате во омилените папучи и во бањарка после долг, жежок туш и ги прелистувате вестите на најновиот мобилниот врзан веднаш на рецепција на хотелскиот бесплатен wifi – И, да, размислувате што ќе пробате за доручек од богатото шведското мени денес …
Ако се најдовте во споменатата реченица и го очекувате истото од едриличарскиот одмор, наш совет е да заборавите на едрење.
Но,
Едрење е акција.
Нешто слично на кампување, камп приколка на вода… или одмор во планинарски домови или нешто за што сонуваме – спиење под ѕвезди. И зголемено со добро друштво, контакт со природата и безброј авантури! На брод, имаме слобода – да кажеме – имаме се.
Соби за спиење
Просториите во кои ќе спиете се реално мали, но повеќе од доволни. Покрај креветот за двајца, има и едно орманче за работи, и една полица над креветот за мали работи и во принцип – тоа е тоа. Општо, ќе поминете многу малку време во кабината, целата акција се игра во познатиот кокпит (просторот надвор од бродот каде екипажот го поминува поголемиот дел од одморот).
Бања
Чистотата е половина здравје! Па, бањата е половина од класичната бања – Во ред .. да бидеме искрени во овој текст … Четвртина од бањата на која сте навикнати. Како што забележавме порано – имате сè што ви треба. Има мијалник, кој исто така е туш, огледало, исто така место каде што можете да висат крпа (или таа бањарка од почетокот на оваа приказна, сепак непотребна после туширање -за жал мокра), тоалетна шолја ( за која треба курс како во ранг на Б+ од англискиот ), мало орманче зад огледалото за складирање кое го дознаваш на крајот од одморот… Но повторно, скромен, но функционален и доволен за сите потреби за време поминато на брод.
Кујна ( во склоп на дневна)
Класичната кујна на едрилица се состои од мијалник, фрижидер (на кој секогаш му фали тастер со “SEARCH”), шпорет на „плин“ (со рерна) и работна плоча. А да и многу многу фиокчиња, шкафчиња… ( да , да и тастерот “SEARCH”) Слободно можеме да кажеме дека во кујната ќе се почувствува недостаток на удобност во однос на она што сте навикнале дома. Особено ако готвите често во вашиот дом
Салон ( трпезарија, кујна, помошна спална)
Салон на едрилицата е место за собирање на екипажот, претежно во вечерните часови пред спиење и за време на дождливите часови. Се состои од аголна гарнитура за седење и трпезариска маса , која може да се претвори во многу простран и удобен кревет за уште два, три членови ако е потребно. Во дневната соба / кујната /спалната има многу мали шкафови за складирање храна, пијалок, зачини, аптека на брод и други потреби. Кујната и салонот се практично една единица.
Прамец
Прамец (напред на едрилицата) е главно наменет за оние кои сакаат бронзен тен и убави фотографии за одмор. Како и сè што напишавме досега, просторот е ограничен,. Само сè што треба да правите е да го пазите „малото прсте“ кога се движите од кокпитот до прамецот , иако по првото „чукање“ брзо ќе знаете како да се движите .
Кокпит
(или каде се случува целата магија )
Место каде се раскажувааат едриличарските приказни зачинети со најдобрите караоке шоуа, најновите измислени едриличарски коктели и се играат сите друштвено социјални игри во доцните часови на ноќта.
Она што се случува во кокпитот останува во него. Затоа, овој став ќе биде најкус
Добро, дали го прочитавте овој текст до крај? Сè уште ќе пловиме?
Продолжуваме…