Eдрење за почетници
Список со основни термини за почетници.
- Едрилица, монотрупец,
- Катамаран повеќетрупец со два трупа или Триман со три итд…
Делови на бродот
- „Крма“ – задниот дел на бродот каде што почнува едрењето. Првото запознавање со едрилицата е на крма. Ако е некој е во задниот дел на бродот, или некој предмет се наоѓа позади секогаш збориме дека е на „крма“. Кога бродот оди „во рикверц“ се збори оди со „крма назад“
- „Прамец“ – Предниот дел се нарекува „прамец“. Она место кое служи за сликање …
- „Страни на бродот“ –
Лева, од лево гледано од крма према прамец или термин во едриличарството “Port Side” ,
Десна, од десно гледано од крма према прамец или термин во едриличарството “Starboard” …
Имаат свои имиња за да не дојде до забуна дали си на прамец или крма или на десна или лева страна едноставно….
- Бум – “Boom” „Пази бум “ често се слуша… А е хоризонталниот дел на јарболот што се протега од долниот дел на главниот јарбол до крмата. Прилагодувањето на бумот во правец на ветрот е како бродот може да ја користи силата на ветрот за да се придвижи напред или назад.
И едно од опасните делови на едрилицата… „Бумот“ во прелетување често од невнимание знае да заврши во главата на највисокиот член на посадата…
- Кормило – Сместен под бродот, дел на бродот со кој се управува правецот на бродот. Поголемите чамци го контролираат кормилото преку воланот, додека помалите чамци имаат механизам за управување на кормило. т.н. рудо кормило
- Кобилица, се наога испод едрилицата на средина , едно големо парче железо, олово … што ја држи едрилицата исправена…
- Компас… едно мало апаратче со течност кое нон стоп се ниша … сите бар знаеме…и без кое не се може…
- ГПС ... Глобален позиционен систем.. исто едно мало екранче , кој секогаш знае каде сме…
- „Џенова“ “Jib”– е предно едро сместено на прамецот на бродот и се протега вертикално до врвот на јарболот. Претежно се собира како ролетна, Се отвара налево или надесно во зависност од насоката на ветерот. Постојат повеќе врсти, мало олујно, стандардно, големо генакер итд …поопширно понатаму…
- Главно едро “Main Sail”… сместено на главниот јарбол, или се собира во ролна во самиот јарбол, или се собира над бумот…стандардно, се префла лево, десно, отворено, делумно собрано, кратено итд итд..поопширно понатаму…
- Мотор… нужен дел … или што би рекле едриличарите „помошна опрема“ … али сепак чим работи помирен си…
Основен термин за управување
- Прелет – или термински … ТАК… овој основен маневар на едрилица е за вртење, промена со правецот низ ветрот, така што насоката на ветерот се менува од едната страна на бродот до другата. Бумот секогаш ќе се префрли од една до друга страна кога ќе го промениме правецот на ветерот и џеновата ќе се префрли од една на друга страна за време на овој маневар, така што ќе биде во правец на ветрот.
Насока на ветерот – насока од која моментно доаѓа ветерот,
- Заветринска страна на ветерот е насока спротивна од која ветерот во моментот дува (правец на ветер).
- Приветринска страна на ветерот е насоката од која ветерот во моментот дува (правец на ветер). Едриличарите имаат тенденција да се движат со ветерот, што го прави терминот „во ветер“ како важен термин за едрење.
Основни поими за едрење без да се преоптоваруваме, затоа што кога се плови, се отвораат едрата, се „фаќа“ добриот ветер и тргнуваме и кога ќе го доживе тоа неописливо чувство како активен член на екипажот, сите овие термини ќе ви станат појасни…